Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2013

Шалке без Марика поради операција на коленото

Германскиот фудбалски бундеслигаш Шалке неколку седмици ќе биде лишен од помошта на романскиот напаѓач Чипријан Марика.

Романецот на тренингот во вторникот ја обнови повредата на менискусот на десното колено, па вчера успешно му беше извршена операција во Гелзенкирхен. Закрепнувањето ќе трае неколку седмици, што значи дека Марика ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај (20-ти февруари), а можно е и вториот (20-ти март).
Шалке овој викенд го дочекува Гројтер Фирт, а освен на Марика, тренерот Јенс Келер во средбата нема да може да смета ниту на: Ибрахим Афелај, Кирјакос Пападопулос, Кристоф Мориц и Шинеду Обаси.
Марика оваа сезона во Бундеслигата во девет настапи постигна два погодоци за Шалке.

Најнови вести