21.12.2012 Хартс доби забрана за нови играчи
Шкотската премиер лига му забрани ангажирање на нови фудбалери на актуелниот освојувач на Шкотскиот куп, Хартс.
Шкотската лига вчера објави дека Хартс не им исплатил бројни премии на своите фудбалери поради што на сила стапува забраната за регистрација на нови играчи.
Клубот од Единбург во октомври доби 60 дена забрана за потпишување договори со нови фудбалери затоа што не ги исплаќал на време платите на своите вработени. Но, во меѓувреме се покажало дека не ги исплаќал ни договорените бонуси, па сега му е донесена нова забрана, овој пат на неодреден временски период.
Хартс потврди дека ќе ангажира правни советници и дека во скоро време нема да ја коментира новата ситуација.