27.6.2011 Дос Сантос конечно си заминува од Тотенхем
Мексиканскиот репрезентативец Џовани дос Сантос го привлече вниманието на себе на неодамна завршениот Голд куп и вели дека има неколку интересни понуди за продолжување на кариерата, со што ќе ја заврши неуспешната авантура во Тотенхем.
Дваесет и двегодишниот напаѓач на „Вајт харт лејн“ стигна во 2008 година од
Барселона за шест милиони евра, но никогаш не доби вистинска шанса и
најголемиот дел го мина на заем во Ипсвич и Галатасарај.
Минатата сезона беше на заем во шпанскиот прволигаш Сантандер, каде што
имаше одлична завршница и сега се надева дека засекогаш ќе ја напушти Англија.
Засега се чини дека најголеми шанси за негов потпис имаат Севилја и Сарагоса.
„И понатаму не знам каде ќе ја продолжам кариерата, но работите одат на
добро и имам неколку понуди. Ќе морам да дочекам и да видам која е најдобра“, рече
Мексиканецот.
Се верува дека за негов потпис најблиску е Севилја, а оштетата што ја бара
Тотенхем за него изнесува околу пет милиона евра.