Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Љајиќ се повреди на тренинг, ќе паузира 20 дена

Адем Љајиќ, српскиот репрезентативец и фудбалер на Фиорентина, ќе отсуствува од теренот до три седмици поради повреда на бутот, објави неговиот клуб.

Љајиќ се повреди во текот на тренингот и според проценките на клупските лекари, нема да тренира од 15 до 20 дена.
Тоа е голем удар за нападот на екипата од Фиренца, која од претходно е ослабена бидејќи Стеван Јоветиќ и Лука Тони, исто така, се повредени.
Љајиќ не играше за својот клуб во вчерашната победа против Јуве Стабија во Италијанскиот куп, а викендов нема да настапи ниту против Сампдорија во Серија А.

Најнови вести