Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2012

Карпин на клупата на Спартак

Спартак од Москва го именуваше досегашниот генерален директор Валериј Карпин за привремен тренер.

Карпин дојде на местото од Унаи Емери, кој е сменет по дебаклот од градскиот ривал Динамо со резултат 5-1.
Четириесет и тригодишниот поранешен руски интернационалец и тренер на Спартак во периодот од 2009 до 2012 година тренерската должноста ќе ја врши до крајот на годината. Карпин минатата сезона го доведе тимот до пласман во Лигата на шампионите.
Спартак моментно е шестопласиран на табелата, со заостанување од десет бодови зад водечката ЦСКА Москва.
Спартак е најуспешен и најпопуларен руски клуб со девет државни шампионски титули меѓу 1992 и 2001 година. Московјаните, меѓутоа, немаат освоено ниту еден домашен трофеј од 2003 година, кога триумфираа во националниот куп.

Најнови вести