15.10.2012 Фонтас од Барселона во Мајорка
Андреу Фонтас, 22-годишниот централен одбранбен играч, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Мајорка, потврдија на официјалната интернет-страница од каталонскиот фудбалски гигант.
Фонтас летово се врати на теренот по седуммесечната пауза условена од тешката повреда на вкрстените лигаменти на десното колено.
Оваа сезона не заигра за Барселона, а стручниот штаб предводен од Тито Виланова процени дека и за клубот и за играчот најдобро е да се испрати во средина во која ќе има поголема минутажа.
Фонтас за Барселона е врзан со договор до летото 2015 година.