18.6.2012 Росицки на лекување во Прага
Капитенот на чешката репрезентација, Томаш Росицки, отпатува од тренинг-кампот во Полска за Прага, каде што ќе се обиде да ја залечи повредата на петицата и да се подготви за четврт-финалето на Европското првенство.
Со него во
главниот град на Чешка отпатува и физиотерапевтот на националниот тим Павел
Колар. Росицки се повреди на натпреварот од второто коло во групата А против
Грција, на кој Чешка славеше со 2-1.
Репрезентацијата
на Чешка во четврток во Варшава ќе игра против Португалија во четврт-финалниот
дуел на Евро 2012.