Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2012

Диего се враќа во Волфсбург

Диего, бразилскиот дваесет и седумгодишен играч за врска, по сезоната мината на заем во Атлетико Мадрид, би требало да се врати во редовите на германскиот Волфсбург.

„Мислам дека ќе бидам во Волфсбург идната сезона. Имам уште две години од договорот и сакам професионално да ги одработам, и покрај сè она што се случуваше пред две сезони“, рече Диего за германските медиуми.
Тој во Волфсбург дојде во 2010 година, по неуспешната авантура во Италија, поточно во Јувентус. По одличната прва сезона во дресот на „волците“, се скара со тренерот Феликс Магат, по што беше испратен на заем во Атлетико Мадрид.
Во меѓувреме, стратегот го промени своето мислење и јавно кажа дека би бил среќен Бразилецот повторно да биде дел од неговиот состав.
Минатата сезона Диего во дресот на „јорганџиите“ постигна шест голови и запиша четиринаесет асистенции во сите натпреварувања.

Најнови вести