Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2012

Емери на клупата на Спартак Москва

Унаи Емери по четири сезони на кормилото ја напушта Валенсија и го презема Спартак од Москва, со кого потпиша двегодишен договор.

Во првата сезона од неговиот мандат го освои шестото место, а потоа три години по ред со Валенсија завршуваше на третата позиција. Во 2010 година беше четвртфиналист во Лигата на Европа, а оваа сезона полуфиналист во тоа натпреварување, додека, пак, во 2011 играше во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Емери во период од 2004 до 2006 година ја предводеше Лорка, потоа од 2006 до 2008 година Алмерија. Во Спартак Москва ќе го замени Валериј Карпин, кој три години беше на челото на московскиот клуб и кој на коло до крајот од шампионатот се бори за место кое води во Лигата на шампионите.

Најнови вести