Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2012

Украина на Европско без Шовковски

Во последниот настап за Динамо Киев, на гостувањето кај Волин, Олександр Шовковски, голманот на репрезентацијата на Украина, го повреди рамото.

Триесет и седумгодишниот голман на полувремето од мечот остана во соблекувалната. По десет дена откако се повреди и по направените медицински тестови, се воспостави дека ги истегнал лигаментите и дека ќе мора да замине на операциона маса. Рехабилитациониот период ќе трае најмалку три месеци, па тој нема да може да настапи на Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето во неговата земја и Полска.
Искусниот голман на голот на репрезентацијата досега собра деведесет и два настапи, а беше јунак на победата над Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство во 2006 година во Германија, кога се шутираа пеналите, а тој успеа да ја задржи својата мрежа незатресена.
Со оваа повреда Украина се најде во критична ситуација кога се во прашање голманите, бидејќи резервниот голман Александр Рибка е под суспензија поради допинг, додека, пак, Андриј Дикан и понатаму е надвор од терените поради тешката повреда на главата заработена во март, во настап за својот Спартак Москва.

Најнови вести