Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2012

Њујорк еден месец без Анри

Тиери Анри, легендарниот француски напаѓач и фудбалер на Њујорк, поради повреда на задниот дел на бутниот мускул на десната нога нема да му биде од помош на клубот во наредните три до четири седмици.

Анри во саботната победа над Њу Ингланд беше стрелец за својот тим, а со тоа триесет и четиригодишниот напаѓач го постигна деветтиот првенствен погодок сезонава и е лидер на листата на стрелците. Но на тој меч и се повреди.
Рендгенските наоди покажаа дека не се работи за потешка повреда, па во Њујорк се надеваат дека најголемата ѕвезда ќе се врати на терените за еден месец.
Њујорк со освоени тринаесет бодови од осум натпревари е трет во Источната конференција, a зад водечкиот Канзас сити заостанува осум бодови.

Најнови вести