Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2012

Крај на сезоната за Стадемаер

Поради глупостите што ги направи непосредно по завршувањето на мечот со Мајами, Амари Стадемаер ќе го пропушти наредниот натпревар, а можеби и целата серија со „жешките“.

Центарот на Њујорк бесот поради вториот пораз го истури на стаклена кутија, која ја турна со тупаница – и не помина добро. Се исече на повеќе места, кои потоа му беа сошиени, а среќа во несреќа е тоа што не ја скина тетивата. Сепак, му следува пауза и нервоза поради фактот дека со сосема непотребен потег ги остави соиграчите на цедило.
„Толку сум бесен на себе во овој момент... Им се извинувам на соиграчите и на навивачите, воопшто не се гордеам со тоа што го направив. Понекогаш во лутина правиме работи за кои подоцна се каеме. Тоа е во природата на човекот. Лош тајминг од моја страна“, изјави Стадемаер преку „Твитер“.
По двата воведни меча од првата рунда на плејофот Мајами води со 2:0 во серијата подобар од 4.

Најнови вести