Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2012

Мело и Риера ја растурија хармонијата во Галатасарај

Клубот од Истанбул најавува казни за Бразилецот Фелипе Мело и Шпанецот Алберт Риера, откако тренерот Фатих Терим ги избрка од последниот тренинг.

Беше само прашање на време кога Галатасарај ќе има проблеми со однесувањето на Мело. Немирниот Бразилец е познат по своите испади на теренот и надвор од него, како и караниците со соиграчите и раководството, а во четвртокот предизвика тепачка на тренингот. Физички се пресмета со Алберт Риера, а турските медиуми пренесуваат дека вина за тоа носи и Шпанецот.
Фатих Терим, тренерот на лидерот на турската лига, и двајцата ги избрка од тренингот по тепачката, а нивната караница продолжи и во соблекувалната.
„Клубот овој инцидент ќе го реши во најбрз рок и набргу ќе ја извести јавноста за казните на овие двајца фудбалери“, соопштија од Галатасарај.
Клубот во последното коло гостува кај Манисаспор, а уште одамна го обезбеди местото во плејофот.

Најнови вести