Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2012

Барселона на Мајорка без ниту еден бек

Пеп Гвардиола, тренерот на Барселона, нема да може да смета на ниту еден дефанзивен страничен играч во натпреварот од 30-тото коло на шпанската фудбалска лига, кога неговата екипа гостува на Мајорка.

Откако можеби и засекогаш остана без Ерик Абидал, кому наскоро ќе му биде пресаден црн дроб, Гвардиола во натпреварот од 29-тото коло против Гранада (5-3) остана и без Дани Алвеш и Адријано.
Дани Алвеш во натпреварот заработи два жолти, односно црвен картон, што автоматски го исклучува за средбата против Мајорка, која на распоредот е во сабота. Пред него, точно на полувремето, Гвардиола остана и без Адријано, кој поради истегнат мускул ќе мора да паузира околу десет дена.
Тоа значи дека стратегот на каталонскиот клуб ќе мора да импровизира одбрана, за која моментно преостануваат Пујол, Маскерано и Пике. Според пишувањата на „Марка“, Гвардиола веќе го повикал младиот Монтоја да му се приклучи на првиот тим на патот за Мајорка, со што би имал барем некаква опција доколку се повреди некој во одбраната.

Најнови вести