Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2012

Маjкон паузира три недели

По сите проблеми со кои се соочува Интер, тие сега три недели ќе останат без Бразилецот Мајкон, кој се повреди во натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, на кој беа поразени од Марсеј.

Отакако Мајкон не се појави на теренот во второто полувреме на мечот со Марсеј, се појавија секакви шпекулации, дека Бразилецот доживеал сериозна повреда.
Сепак, по извршените медицински прегледи било утврдено дека се работи за помало истегнување на тетивата на десното колено, па така Мајкон, ќе биде на располагање на тимот за околу три недели.
Десниот бек поради оваа повреда ќе мора да ги пропушти натпреварите од Серија А против Наполи, Катанија и Киево, како и реваншот против Марсеј.

Најнови вести