Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2011

Елмандер го напушта Болтон

Челниците на Болтон одлучија на шведскиот репрезентативец и најскапиот фудбалер во историјата на клубот, Јохан Елмандер, да не му понудат нов договор, па затоа поранешниот фудбалер на Тулуз вреден десет милиони фунти, кариерата, најверојатно, ќе ја продолжи во Турција.

„Три убави години, особено последните осумнаесет месеци минав тука во Болтон, но сега мислам дека е вистинско време за нови предизвици“, изјави Елмандер за англиските медиуми.

Швеѓанецот на Островот пристигна во 2008 година, а сега, најверојатно, се сели во југоисточните делови од континентот, бидејќи најсериозен и најагилен за услугите на дваесет и деветгодишниот напаѓач е Галатасарај.

Најнови вести