18.1.2012 Анри неизвесен за мечот со Манчестер јунајтед
Тиери Анри, легендата на Арсенал, кој во моментов се наоѓа на заем во клубот во кој ги достигна најголемите успеси, е неизвесен за неделното дерби против „црвените ѓаволи“ откако на тренингот го повреди зглобот на десната нога.
Откако се врати во клубот, триесет и четиригодишниот Французин имаше импресивен старт на натпреварот од ФА купот против Лидс, каде што го постигна победоносниот гол, влегувајќи во второто полувреме.
Тој тука ќе биде на заем два месеца, а потоа треба да се врати во својот сегашен клуб Њујорк ред булс.
Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“, вели дека не е сигурен дали Анри ќе биде подготвен за дерби-натпреварот во недела, но стравува да не биде загубен за уште некој натпревар.
Позитивна вест за таборот на Арсенал е тоа дека одбранбениот фудбалер Томас Вермелен ќе им биде на располагање.