Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Илиевски: Важно е да ја вратиме вербата во квалитетот на младите фудбалери

Добринко Илиевски ќе има тешка задача успешно да ги предводи младите фудбалери на возраст до 21 година во квалификацискиот циклус, во кој Македонија нема шанси за пласман на ЕП

Илиевски го наследи Благоја Милевски како селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година и веднаш ќе има тежок предизвик и два меча - против Србија и Ерменија. На седми септември играме со лидерот во нашата група, селекцијата на Србија на гости, а четири дена подоцна гостин ќе ни биде четвртопласираната Ерменија.
„Завршницата на овој циклус на натпревари ќе биде добар вовед за следниот, бидејќи одамна немаме шанси за пласман на Европското првенство. Затоа повикав и нови играчи, со цел да се подготвуваме за во иднина. Србија е меѓу најдобрите млади селекции и е лидер во нашата група, но ќе се обидеме да одиграме добро. Важно е да ја вратиме вербата во нашите млади играчи“, изјави Илиевски.
Најавено е дека ќе има и две пријателски средби, со Црна Гора, а термините дополнително ќе бидат одредени.

Состав:

Голмани - Ристе Јанков, Христијан Стевковски, Филип Трајчевски;

Одбрана - Ване Јованов, Дин Аломоревиќ, Тодор Тодоровски, Агрон Руфати, Филип Трајановски, Алекса Амановиќ и Михаил Маневски;

Среден ред - Давор Здравковски, Јани Атанасов, Енис Фазлагиќ, Стефан Јефтовски, Агон Хани, Тихомир Костадинов;

Напад - Петар Петковски, Димитар Митровски, Марио Крстовски, Никола Ѓорѓев, Дарко Чурлинов, Милан Ристовски.

 

Најнови вести