09.8.2018 Барселона го почитува финансискиот фер-плеј
Каталонците потрошија само 1,7 милиони евра повеќе од она што го добија како приход со продажбите
Шпанскиот првак Барселона, барем засега, го почитува финансискиот фер-плеј, и речиси ги изедначи сумите за продадени и купени играчи во овој летен преоден рок. Клубот во последните години многу често купуваше многу скапи, а продаваше поефтини играчи, но сега тоа не се случува.
После продажбите на Андре Гомеш и Јери Мина, приходите достигнаа сума од 124,2 милиони евра, а се очекуваат уште од Арнаиз во Леганес или ако се продадат Марлон, Алкасер или Мунир. Барса доби 13 милиони за Делофеу кој прејде во Вотфорд, а 8,5 за Алеиш Видал, кој се врати во Севилја. Најголеми „загуби“ за клубот се заминувањата на Колумбиецот Мина и Бразилецот Паулињо, но за нив, каталонците добија 80 милиони евра.
Од друга страна, клубот го купи Артур од Гремио, Ленглет од Севилја, Малком од Бордо и Артуро Видал од Баерн. За сите овие играчи, платени се 125,9 милиони евра. Најефтин е најстариот, но и најискусен Видал.