01.8.2018 Спалети уште три години на кормилото на Интер
Предводникот на „нераѕурите“ ќе потпише нов, тригодишен договор пред почетокот на сезоната.
Лучијано Спалети, тренерот на Интер, ќе ја продолжи соработката со италијанскиот гигант пред почетокот на новата сезона. Италијанските медиуми известуваат дека со новиот договор Спалети ќе се обврзе на тригодишна соработка, односно до 2021 година.
За италијанскиот стратег новиот договор е како награда за успехот од минатогодишниот шампионат, откако Интер заврши на четвртото место во Серија А и притоа успеа да обезбеди враќање во европската елита.