Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2018

Рубијалес: Нема бунт во тимот, сите сакаат успех во Русија

Луис Рубијалес, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, изјави дека нема никаков бунт во „црвената фурија“ поради отказот кој му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги само еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Шпанските фудбалери веќе почнаа да тренираат со новиот селектор Фернандо Јеро, иако имаше приказни дека дел од нив сакаат Хулен Лопетеги да остане на клупата и покрај отказот кој му е доделен поради тоа што тајно преговарал со Реал од Мадрид.
Од Фудбалскиот сојуз на Шпанија изјавија дека играчите се среќни и дека се решени да постигнат голем успех на Светското првенство.
„Слушнав сè, но оваа одлука е само моја. Играчите се решени да направат добар резултат во Русија и нема никакви проблеми. Играчите работат добро, на Фернандо Јеро му посакаа добредојде и изјавија дека со него ќе бидат до смрт. Исто така, ќе бидат и покрај капитенот Серхио Рамос“, изјави Луис Рубијалес, претседателот на Шпанскиот сојуз.
Како ќе се снајдат Шпанците во оваа ситуација, останува да се види утре, во 20 часот, кога го играат натпреварот од првото коло против Португалија.

Најнови вести