Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Алегри: Сега фокусот е кон Наполи

Јувентус во Кротоне одигра само 1-1 и на тој начин му дозволи на Наполи да му се приближи само на четири бода помалку пред големото дерби кое се игра во недела, во Торино.

„Пред месец и пол би бил надвор од себе од среќа да знаев дека во овој натпревар ќе влезам со предност од четири бода. Не игравме добро и се мачевме. Не бевме доволно цврсти и на Кротоне му дозволивме многу контранапади и акции во нашиот шеснаесетник. Сега мораме да се посветиме на тоа да го победиме Наполи, бидејќи тоа би било голем чекор напред. Тоа ќе биде голем натпревар и ќе се бара многу вештина. Мораме добро да стартуваме“, изјави Алегри.
Покрај натпреварот со Наполи, кој го игра на домашен терен, Јувентус до крајот на сезоната ќе гостува кај Интер и кај Рома, а ќе ги дочека Болоња и Верона, додека Наполи ќе ги дочека Торино и Кротоне, а ќе гостува кај Фиорентина и кај Сампдорија.

 

Најнови вести