Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2017

Валверде: Во вториот круг секој противник е тежок

Барселона со победата од 2-0 над Спортинг во шестото коло на Лигата на шампионите обезбеди пласман во наредната рунда од натпреварувањето како првопласирана во групата Д.

Ернесто Валверде, тренерот на Каталонците, изјави дека грешките од групната фаза подоцна лесно ќе дојдат на наплата.
„Искрено, не сум баш задоволен со она што мојата екипа го даде на теренот, може многу подобро. Од друга страна, им реков дека сите тие грешки што си ги дозволија себеси во групната фаза, подоцна доаѓаат на наплата бидејќи тука можеле да сокријат некои грешки, а подоцна тоа едноставно е невозможно“, изјави шпанскиот стручњак.
„Кој и да ни биде ривал, нема да ни биде лесно бидејќи во таа фаза се натпреваруваат сериозни екипи, така што ниедна екипа не ја посакувам посебно во смисла на тоа дека баш со неа би можеле полесно да играме“, изјави Валверде.

Најнови вести