Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2017

Без гостински навивачи на натпреварите меѓу Хрватска и Грција

Фудбалските сојузи на Хрватска и на Грција постигнале договор гостинските навивачи да не присуствуваат на натпреварите во баражот за Светското првенство 2018 година.

На состанокот меѓу раководствата на двата Сојузи присуствувале и претставници на полицијата, бидејќи претстојните натпревари меѓу Хрватска и Грција се прогласени за натпревари со висок ризик.
„Земајќи ги предвид сите ризични фактори и процените за сигурност, заедничка одлука на двата Сојузи е да нема отворени трибини за гостинските навивачи, односно да нема продажба на влезници за гостинските навивачи“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Хрватска, а пренесе „Хина“.
За тој договор известени се Меѓународната фудбалска федерација и Европската фудбалска унија.
Првиот натпревар од баражот за Светското првенство се игра на деветти ноември во Загреб, а реваншот е три дена подоцна на стадионот на Олимпијакос во Атина.

 

Најнови вести