Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2017

Валверде: Резултатот не е реален, игравме добро

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, изјави дека резултатот во првиот натпревар од финалето на Суперкупот против Реал Мадрид не е реален и дека неговата екипа играла добро и покрај лошиот резултат.

„Не мислам дека игравме толку лошо колку што тоа го покажуваше резултатот на семафорот. Постигнаа три гола, но ова беше натпревар во којшто игравме многу добро“, изјави Валверде по натпреварот.
Барселона пред домашната публика разочара, а поранешниот тренер изјави дека смета дека мадриѓаните биле поконкретни во нападот и дека тоа им ги донело трите гола.
„Нè фатија во ситуација еден на еден и потоа постигнаа еден преубав гол, а потоа и друг за 3-1. Вториот гол нè расеа, но им честитаме и ќе се обидеме да ги поправиме работите во реванш-натпреварот“, додаде тренерот на Барселона.
На прашањето колку е тешко враќањето во натпреварот, тренерот на Барселона изјави дека знае дека екипата се наоѓа во најлоша положба.
„Имам непосакуван резултат по првиот натпревар и Реал е фаворит. Малку сме затечени од ваквата ситуација, но имаме време да закрепнеме и да ја вратиме силата“, изјави Ернесто Валверде.

Најнови вести