29.6.2017 Шапекоенсе гостин на Барселона на 7 август
Барселона ќе го нагости Шапекоенсе на 7 август на пријателскиот турнир Хоан Гампер и ќе го исполни ветувањето дадено по катастрофата и падот на авионот во кој загинаа 71 лице.
Шапекоенсе минатиот ноември остана без практично цел тим и стручен штаб кога авионот се урна на пат кон Меделин на реваншот од финалето во Копа Судамерикана против Атлетико Насионал, а Барселона меѓу првите понуди помош и уплати 250.000 евра.
Покрај финансиската помош каталонците понудија да организираат и пријателски натпревар на „Камп ноу“, а Шапекоенсо прифати.
Бразилскиот клуб поради повикот на Барселона ги откажа натпреварите против Керетаро и Бенфика, а за Барса дуелот со Шапекоенсе ќе биде последна проверка пред стартот на сезоната и дуелот со Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија.