30.6.2016 Азар се врати на тренинзите
Капитенот на Белгија Еден Азар се врати на тренинг пред натпреварот во четврт-финалето на Европското првенство против Велс.
Азар во вторникот и средата ги пропушти тренинзите поради проблеми со бутниот мускул.
Тој тренираше со тимот во Бордо, пред да отпатува тимот во Лил, каде утре во 21:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Велс, во четврт-финалето од Европското првенство во Франција.
Азар го постигна голот за Белгија против Унгарија во осминафиналето и оствари победа со 4-0.