Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Срна ја напушти репрезентацијата поради смртта на татко му

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска Дарио Срна го напушти националниот тим поради смртта на татко му.

Срна, кој е предводник на репрезентацијата на Хрватска на Европското првенство во Франција, одлучи да го напушти тимот за да може да присуствува на погребот.
По големата победа над Турција на стартот на ЕП, капитенот дозна дека починал татко му по тешкото боледување.
Целиот тим застана до еден од најдобрите играчи и со заедничка фотографија му ја пружија својата поддршка.
Сè уште не е познато кога Дарио ќе и се приклучи на репрезентацијата, а доколку не биде на располагање на селекторот Анте Чачиќ за вториот натпревар од Групата Д со Чешка, ќе го замени Шиме Врсаљко.

Најнови вести