Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2011

Санчес почна со тренинзи

Алексис Санчес, напаѓачот на Барселона, почна со целосни тренинзи.

Санчес се повреди на десетти септември во дуелот против Реал Сосиедад и целото време на рехабилитација го мина во родната земја, Чиле.

Покрај оваа, стратегот Пеп Гвардиола доби и други добри вести, бидејќи и Жерар Пике и Карлес Пујол почнаа со тренинзи.

Закрепнувањето на Санчес доаѓа во вистински момент бидејќи каталонскиот клуб во средата го загуби напаѓачот Педро Родригес на две недели. Чилеанецот се очекува да биде на списокот на фудбалери за саботниот натпревар против Мајорка.

Најнови вести