Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2011

Барселона две седмици без Педро

Педро Родригес, крилниот напаѓач на Барселона, го повреди зглобот на левата нога во второто полувреме од натпреварот од деветтото коло во шпанскиот шампионат против Гранада, во вторникот.

По еден незгоден пад Педро го свитка зглобот и теренот го напушти уште во 56-тата минута, а на негово место влезе Давид Вилја.

„Медицинските прегледи покажаа дека не е скршена ногата, но дека фудбалерот ја повредил тетивата, поради што се очекува да паузира меѓу десет и шеснаесет дена“, стои во соопштението на клубот.

Поради тоа сега се очекува Педро да ги пропушти четирите меча што следат, и тоа против Мајорка и Атлетик Билбао во домашниот шампионат, против Викторија П’лзењ во Лигата на шампионите, како и против Хоспиталета во Кралскиот куп.

Најнови вести