Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2011

Пујол и Пике се вратија на тренинзите

Карлес Пујол и Жерар Пике, одбранбените фудбалери на Барселона, се вратија на тренинзи еден ден по дуелот од десеттото коло на Примера лигата, пишува „Марка“.

Повредите на нозете ги оддалечија двајцата играчи од настапот против Гранада, која Барселона ја доби во гости со минимален резултат од 1-0.
На нивно место на позициите централни одбранбени играчи играа Хавиер Маскерано и Максвел, но двајцата би требало да бидат спремни за првенствениот дуел против Мајорка во сабота.
Тренингот на екипата до самиот крај го одработи и чилеанскиот напаѓач Алексис Санчес, но по речиси два месеци неактивност тешко е да се верува дека тренерот Хосеп Гвардиола ќе го вклучи во првиот тим за саботниот меч.

Најнови вести