Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2016

Лига на Европа: Ливерпул ја избегна Севилја

Фудбалерите на Ливерпул ќе играат со Вилјареал во полуфиналето на Лигата на Европа, а бранителот на трофејот Севилја ќе се сретне со Шахтар.

Најтежок пат до полуфиналето имаа Ливерпул и Севилја. Избраниците на Јирген Клоп до пласманот меѓу четирите најдобри стигнаа со неверојатен пресврт, постигнувајќи четири гола во второто полувреме од реваншот со Борусија Дортмунд на „Енфилд“, а двојниот освојувач на Лигата на Европа го елиминираше Атлетик Билбао по пенали, откако и двата меча завршија со резултат 2-1.
Најлесна работа имаше Шахтар кој со вкупен резултат 6-1 ја елиминираше Брага, а уверлив беше и Вилјареал кој со 6-3 беше подобар од Спарта Прага.
Првите полуфинални натпревари се закажани на 28 април во Вилјареал и Доњецк, а реваншите се на 5 мај. Финалето ќе се игра во Базел на 18 мај, а освојувачот на трофејот ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите без оглед на пласманот во домашното првенство.


Најнови вести