Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2016

Вардар против Веспрем во финалето на СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион по четврти пат е во финалето на Сеха лигатапо победата во полуфиналното дерби против Загреб од 26-24.

Вардар, кој ка имаше фаворитската улога добро го почна полуфиналето и постојано беше со предност, а првото полувреме го заврши со два гола предност, 12-10.
Загреб внесе неизвесност во второто полувреме и поведе со 14-13 во 35 минута. Екипата на Вујовиќ го одржуваше резултатот изедначен до 55 минута кога Вардарци со серија од 3-0 направија предност. Хрватите има шанса со два играчи повеќе во финишот, но македонскиот првак се одбрани и го приведе натпреварот до крајот за финални 26-24.
Манасков до 6 голови беше најефикасен кај Вардар, Душебаев заврши со пет, четири погодоци постигна Циндриќ.
Неочекувано неизвесно беше во првото полуфинале. Фаворитот Веспрем извлече реми после 60 минути игра со Мешков Брест, а по пеналите бранителот на титута победи со 24-21.
Финалето Вардар-Веспрем ќе се игра в недела од 19 часот.

Најнови вести