Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2011

Барселона две седмици без Пике

Жерар Пике, централниот дефанзивец на Барселона, ќе биде надвор од погонот околу две седмици поради повреда на мускулот на десната нога, со која се здоби во саботата, во првенствената победа од 3-0 против Сантандер.

Поради оваа повреда Пике ќе ја пропушти средбата од Лигата на шампионите во среда против Викторија П’лзењ, како и, освен во случај да закрепне пред предвидениот рок, три првенствени натпревари - против Севилја, Гранада и Мајорка.
Пике сезонава веќе пропушти неколку натпревари поради повреда на мускулот на левата нога. Сеск Фабрегас и Алексис Санчес, засилувањата на Барселона во летниот преоден рок, исто така, се надвор од редовите. Двајцата имаат проблеми со задниот дел на бутниот мускул.

Најнови вести