Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2015

Гибсон пијан удрил велосипедист

Дарон Гибсон, фудбалерот на Евертон, е приведен откако возејќи во пијана состојба удрил велосипедист, а потоа побегнал од местото на несреќата, пренесе Би-би-си.

Гибсон ќе одговара пред судот на први септември, и тоа по три точки на обвинението – поради опасно возење, возење во пијана состојба и бегство од местото по инцидентот.
Гибсон кариерата ја почна во Манчестер јунајтед, а потоа во 2012 година направи трансфер во Евертон.
Тој од 2007 година е член на репрезентацијата на Ирска, за која одигра 25 натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести