Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Уапсен претседателот на Калјари, Челино

Масимо Челино, претседателот на италијанскиот фудбалски прволигаш Калјари, е еден од тројцата луѓе што се уапсени денес поради истрагата околу изградбата на стадионот „Ис Аренас“.

Новиот стадион на Калјари во оваа сезона често е прогласуван како несигурно место за одржување натпревари, па поради тоа првото коло на Серија А е одиграно пред празни трибини, додека дуелот против Рома е откажан, а подоцна победата му беше доделена на римскиот состав.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Челино е уапсен по наводно сомнение за проневера на пари, а останатите двајца приведени се Мауро Контини, градоначалникот на Сант’Елена, градот во којшто се наоѓа стадионот, како и комесарот за јавни работи.

Најнови вести