Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2011

Фрингс потпиша за Торонто

Поранешниот репрезентативец на Германија Торстен Фрингс кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига, поточно во редовите на Торонто.

Дефанзивниот играч за врска на крајот на минатата сезона му истече договорот со Вердер Бремен, а клубот не му понуди нов. Наместо тоа, му понуди едно од тренерските места, но Фрингс сакаше и понатаму активно да игра фудбал и на крајот ја прифати понудата од Торонто и потпиша двегодишен договор.

„Имав неколку понуди од Европа, Америка и Блискиот Исток, а имаше и неколку интересни од Бундеслигата“, рече триесет и четиригодишниот Фрингс.

„Торонто ми понуди полн пакет, град со висок квалитет на живеење во одлична земја, полни стадиони, професионална околина и визија на клубот кому ќе помогнам во средината на теренот“, додаде играчот кој 79 пати го носел дресот на германската репрезентација.

Не е ни тајна дека клучната улога за доведување на Фрингс во Торонто ја одиграл поранешниот селектор на „панцирите“ Јирген Клинсман, кој во канадскиот клуб има советничка функција.

Најнови вести