Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2012

Мексес и Амброзини се вратија на тренинзите

Масимилијано Алегри, тренерот на Милан, доби охрабрувачки вести од лекарската служба на клубот пред гостувањето кај Болоња во второто коло на италијанското фудбалско првенство.

Искусниот дефанзивен играч за врска Масимо Амброзини и стоперот Филип Мексес се вратија на тренинзите откако двајцата поради повреда го пропуштија натпреварот од првото првенствено коло против Сампдорија минатиот викенд.
Милан на својата интернет-страница потврди дека двајцата го одработиле тренингот без никакви проблеми, што значи дека би можеле да конкурираат за средбата во сабота.
Но Алегри за натпреварот против Болоња би можело да биде без бразилскиот напаѓач Робињо, кој доби незгоден удар во бутниот мускул во првото коло.
Милан на „Сан Сиро“ неочекувано беше поразен од Сампдорија со 1-0.

Најнови вести