Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Голман на Манчестер сити ќе брани за Косово

Младиот Аријанет Муриќ беше дел од младата селекција на Црна Гора, но сега го менува националниот дрес

Талентираниот голман на Манчестер сити, Аријанет Муриќ прифатил да биде дел од репрезентацијата на Косово. Муриќ, кој има три настапи за младата селекција на Црна Гора, сега го менува репрезентативниот дрес и ќе брани за Косово. 
Косово веќе подолго време се обидуваше да го убеди Муриќ и на крајот успеа. Преговорите ги започна Фадиљ Вокри, но откако почина првиот претседател на Фудбалската федерација на Косово, активностите ги презеде неговиот наследник, Агим Адеми, за на крајот талентот да прифати да брани за Косово. 
„Многу сум задоволен што по неколкумесечните преговори, мојот син прифати да брани за Косово. Ние не ја изневеривме Црна Гора. Челниците на тамошната Федерација не најдоа начин како да го вметнат мојот син во сениорскиот состав, па затоа знам дека го направивме вистинскиот избор. Мислам дека Косово има светла иднина и дека пред Аријанет има добра кариера“, вели таткото на Аријанет, Самир Муриќ. 
Талентираниот голман моментно е втор чувар на мрежата на англискиот првак Сити. Аријант е роден во Швајцарија и има државјанство на оваа земја, додека неговото потекло е од Црна Гора. 

 

Најнови вести