Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2016

Македонија сигурна на контролата со Црна Гора

Македонската ракометна репрезентација на домашен терен извојува победа над репрезентацијата на Црна Гора со 35:28.

По двата нерешени резултати на гостувањето во Словенија против репрезентацијата на Црна Гора остваривме победа и ја продолживме низата на добри резултати во подготвителниот период пред самиот старт на Европското првенство кое оваа недела почнува во Полска.
На стартот гостинските ракометари имаа предност, но веднаш потоа следуваше серија на нашиот тим со која поведовме 7:6 и сè до крајот на натпреварот ракометарите на нашата репрезентација ја одржуваа предноста, така што во самата завршница нашите ракометари постигнаа серија од 3:0 за предност на полувремето од 19:14.
Во второто дел од средбата нашите ракометари продолжија да го одржуваат водството, а беше сосема јасно дека нашата репрезентација ќе ја забележи својата победа на овој натпревар.
Во тимот на домаќините најефикасен беше Дејан Манасков со постигнати 12 голови, Кире Лазаров постигна 7 додека пак Немања Прибак и Филип Миркуловски постигнаа по 4 голови.
Повторната средба меѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора ќе се одржи денес но овој натпревар ќе биде затворен за јавноста, а пред да заминат за Краков селекторот Ивица Обрван ќе го соопшти конечниот список од 16 ракометари.

Најнови вести