Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2013

Македонија повторно почна со пораз на Евробаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација повторно е поразена на првиот меч на Европското првенство во кошарка, и овој пат од Црна Гора, со 81-80.

Во трилер завршница, со поените на Тајрон Рајс од линијата за слободни фрлања, Црна гора славеше со 81-80 во првиот дуел на нашата репрезентација во Групата Б на Европското првенство во Словенија.
Македонија добро го почна натпреварот, и во третата минута имавме водство од шест поени за 9-3. Со неколку чудни одлуки на судиите, Црногорците успеаја да се вратат и да дојдат до водство и на крајот на првата четвртина имаа еден водство 25-24.
Во второто полувреме, со мала судиска помош, Црна Гора ја зголемуваше предноста и во 16 минута дојдоа до двоцифрена разлика, 32-43. Нашите репрезентативци успеаја да се вратат и на полувремето заминавме со водство од 46-45.
Добро ја почнавме и третата четвртина и ја одржувавме разликата од пет коша, која Црногорците ја стигнаа во финишот на натпреварот, во последните секунди дојдоа и до водство. Имавме шанса на десет секунди до крајот да погодиме за победа, имавме шут и одбиена топка кон кошот, Црногорците го допреа обрачот, но судиите како да не сакаа да го признаат тоа и поените не беа признати.
Наш најефикасен репрезентативец беше Лестер Бо Мекејлеб со 23 коша, следен од Дамјан Стојановски со 19 коша, а Перо Антиќ постигна осум коша.
Македонија утре во 21 часот го игра вториот натпревар против Литванија.

Најнови вести