Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2015

Австрија се пласираше на ЕП во Франција

Фудбалерите на Австрија го потврдија пласманот на Европското првенство со победата над Шведска, а тоа го искористи и Русија.

Австријците неочекувано убедливо славеа во Стокхолм со 4-1, а тоа Русија го искористи со триумфот над Лихтенштајн со 6-0 и го презеде второто место во групата.
„Зборнајата“ има два бода повеќе од Скандинавците, но во последното коло ја дочекува Црна Гора, која се бори за место во баражот.
Црногорците во игра се вратија со триумфот од 2-0 во Молдавија.
Австрија со седмата последователна победа го потврди пласманот на ЕВРО. Тимот од алпската земја го одигра најдобриот натпревар во квалификациите и ги растури Швеѓаните на нивен терен.
Двократен стрелец беше Харник, по еден гол дадоа Алаба и Јанко, а Златан Ибрахимовиќ со погодокот само го ублажи поразот на својот тим.
Тоа го искористи Русија,  која со четирите погодоци на Артјом Зиба го декласира Лихтенштајн и го презеде второто место на табелата. За Црногорците од корист беше триумфот во Молдавија, со головите на Стефан Савиќ и Фатос Беќирај.
На две кола пред крајот, „соклите“ имаат само еден бод помалку од Шведска. Проблем за Црногорците е што прво играат со Австрија, а потоа со Русија.
Натпреварот во Москва во последното коло ќе биде клучен за расплет во групата.

Група Г:
Шведска – Австрија 1-4
Ибрахимовиќ 90’ – Алаба 9’п, Харник 38’ 88’, Јанко 77’
Лихтенштајн – Русија 0-7
Зиба 21’, 45’, 73’, 90’, Кокорин 40’п, Смолов 77’, Џагоев 85’
Молдавија – Црна Гора о-2
Савиќ 9’, Беќирај 65’

Најнови вести