Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2016

ФИФА го прими Косово,а за прв пат генерален секретар е жена

Одржан беше 66-тиот конгрес на ФИФА во Мексико сити, а една од одлуките беше приемот на Косово во членството на куќата на светскиот фудбал.

Косово од неодамна стана полноправен член на УЕФА, па ваквиот резултат до некаде беше очекуван. За прием во сојузот на самопрогласената држава гласаше 141 членка, а беа потребни 105 гласови од 209 членови. Против беа 23 гласа.
На овој начин Косово стана 210 член на ФИФА и стекна право за настап во претстојните квалификации за Светското првенство во 2018 година во Русија и тоа во групата И со репрезентацијата на Хрватска, Украина, Турција, Исланд и Финска.
Со мнозинството на гласовите во членството на ФИФА примен е и Гибралтар.
Инаку ова е прв конгрес на ФИФА од кога нејзин претседател стана Џани Инфатино и во својот говор најави дека главните точки ќе му бидат реформите на организацијата, развој и подлабоко поврзување на фудбалот. Исто така беше избран и новиот генерален секретар, Фатма Самура од Сенгел, која на тој начин стана првата жена избрана на таа позиција.

Најнови вести