Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2012

Сите поранешни југословенски репрезентации на Евробаскет

Натпреварите од последното коло на квалификациите донесоа расплет и сега веќе се познати сите репрезентации што ќе играат на Европското првенство 2013 година во Словенија.

Во Словенија ќе учествуваат сите репрезентации од поранешна Југославија: Словенија како домаќин, Македонија со директниот пласман, додека Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија за настап се изборија низ квалификациите.
Во претпоследното коло селекциите на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина веќе имаа сигурно место во Шампионатот на Стариот континент бидејќи го освоија првото место во своите групи, а во последен момент им се придружи и Србија. Избраниците на Душан Ивковиќ пласманот го изборија со победата од 83:67 над Израел, како третопласирана екипа во групата А. Црногорците во последното коло славеа со 80:48 против Словачка и така, со максимален учинок ги завршија квалификациите, пред Израел и Србија, коишто ќе им се придружат во Словенија. Естонија го зазеде четвртото место во таа група, по триумфот со 80:58 над Исланд, која на крајот е петти, пред Словачка.
Покрај споменатите репрезентации од поранешната СФРЈ, низ квалификациите пласман на Шампионатот изборија: Белгија, Чешка, Финска, Грузија, Германија, Израел, Италија, Летонија, Полска, Шведска, Турција и Украина. Како домаќин тоа го направи Словенија, а благодарение на резултатите на минатото Европско првенство кое се одржа во Литванија, покрај Македонија, директно се пласираа и Франција, Велика Британија, Грција, Литванија, Русија и Шпанија.

Најнови вести