Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2015

Прекин во Подгорица по инциденти на навивачите

Натпреварот меѓу Црна Гора и Русија е прекинат во 67-та минута и разрешница ќе добие по административен пат.

Натпреварот беше прекинат на самиот старт кога голманот на Русија, Игор Акинфеев, беше погоден во главата со факел кој беше фрлен од трибините.
Средбата продолжи, но во средината на второто полувреме повторно имаше прекин откако судијата нагласи дека фудбалерите нема да излезат на терен ако дојде до нов инцидент.
После пријава на еден од руските репрезентативци дојде и до кошкање на играчите, а рускиот репрезентативец Дмитри Комбаров пријави дека е удрен од фрлен предмет, по што судијата Ајтекин ги прати фудбалерите во соблекувалните.
Веќе во првата минута двете репрезентации се повлекоа во соблекувалните, а Акинфеев беше префрлен во болница, каде бил задржан на опсервација затоа што имал потрес на мозокот и изгореници на кожата.
Во меѓувреме дојде и до судири на навивачите на Црна Гора и на Русија на трибините, а на натпреварот му претходеле и нереди низ Подгорица.

Најнови вести