Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2012

Челзи дава 25 милиони фунти за Јоветиќ

Роман Абрамович, богатиот сопственик на шампионот на Европа, Челзи, е подготвен да понуди дваесет и пет милиони фунти за Стеван Јоветиќ, напаѓачот на Фиорентина.

Лондонскиот клуб, кој во средата потврди дека Роберто ди Матео ќе остане на функцијата менаџер, сака да го доведе репрезентативецот на Црна Гора, кој во октомври потпиша продолжување на договорот со „виолетовите“ до 2016 година.
„Сакаме да го задржиме Јоветиќ, меѓутоа, сè зависи од него. Неодамна го продолжи договорот, но доколку сака да го напушти клубот, ќе мора да не извести“, рече Даниеле Праде, спортскиот директор на Фиорентина.
Јоветиќ во Фиренца дојде во 2008 година од Партизан, а минатата сезона на дваесет и седум натпревари во Серија А постигна 14 голови.

Најнови вести