Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2012

Црна Гора ракометен шампион на Европа

Репрезентативките на Црна Гора го освоија златниот медал на Европското првенство во ракомет откако во финалниот натпревар во Белград го совладаа бранителот на титулата, репрезентацијата на Норвешка, со 34:31 по две продолженија (28:28, 24:24, 12:11).

Црногорките остварија огромен успех и потврдија дека му припаѓаат на светскиот врв, откако освоија сребрен медал на Олимписките игри во Лондон, додека Норвежанките ја изгубија првата од трите титули, а и понатаму се светски и олимписки шампионки.
Во неизвесен и возбудлив натпревар, репрезентативките на Црна Гора во трилер финишот шо две продолженија успеаја да слават над фаворизираните Норвежанки.
Бронзениот медал ѝ припадна на Унгарија, која ја победи Србија, исто така по продолженија, со 41:38 (33:33, 21:19).

Најнови вести