Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2015

Нов селектор и прва победа на Македонија

Пријателскиот натпревар што се одигра на „Филип Втори“ помеѓу Македонија и Црна Гора заврши со убедлива победа на Македонија над Црна Гора со резултат од 4-1.

Со оваа победа Македонската фудбалска репрезентација ја прекина серијата на лоши резултати, конечно почна да постигнува голови, а со овој натпревар новиот селектор на македонската репрезентација го доби и своето деби од соништата.
Игор Ангеловски пред својот дебитантски натпревар најави храбра и офанзивна игра, првиот состав го започна со Трајковски, Ибраими, Тричковски и Велковски.
 Резултатот го отвори Ванче Шиков во 35 минута откако Полексиќ го одби ударот на Ибраими кој биеше од 20 метри.
Јунакот на натпреварот беше Александар Трајковски, кој со хет-трик стана дел од друштвото на Артим Шаќири, Бошко Ѓуровски, Дејви Главевски, кои успеале да постигнат три гола на еден натпревар за Македонија.
Голот на репрезентацијата на Црна Гора  го постигна напаѓачот на Интер, Стеван Јоветиќ
На 17 ноември ни гостува Либан, а натпреварот е со почеток од 13 часот.

Најнови вести