Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Глазгов ренџерс го отпушти Бартон

Глазгов ренџерс го раскина договорот со контроверзниот играч за врска Џои Бартон.

Бартон оваа сезона правеше многу проблеми, прво Премиер лигата го суспендира на шест седмици поради судир со соиграчот Енди Халидеј, а потоа Фудбалскиот сојуз на Шкотска покрена обвинение поради дури 44 обложувања од јули до септември.
Поранешниот фудбалер на Барнли, Вест хем, Квинс парк ренџерс, Манчестер сити, и еднаш репрезентативец на Англија, не тренираше од четвртокот, а настапи само на осум натпревари оваа сезона.
Тој летоска потпиша двегодишен договор со клубот од „Ајброкс“, но шкотскиот гигант веќе не можеше да ги трпи неговите испади. По дебаклот од Селтик во Купот (5-1), се судри и со менаџерот Марк Ворбартон.
Глазгов ренџерс наводно ќе му исплати оштета на Бартон околу 150.000 фунти.

Најнови вести