Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2013

По Глазгов ренџерс и Хартс оди во стечај

Шкотскиот фудбалски клуб Хартс соопшти дека ќе оди во стечај бидејќи западна во финансиски неволји.

Во краткото соопштение се наведува дека во судот добил известување за намерата да се именува стечаен управник.
Клубот должи 25 милиони фунти, а изречени му се и законски мерки поради неплатениот данок. Хартс минатата седмица соопшти дека му недостасуваат пари и дека ќе ги разгледа понудите за најдобрите играчи на екипата.
Харст минатата година е казнет со забрана на трансфери поради неплатен данок.
Тимот минатата сезона заврши на десеттото место во Премиер лигата на Шкотска, која има 12 клубови.

Најнови вести